Најмалку четири луѓе загинале при експлозија на автомобил-бомба во близина на пазар во сирискиот град Африн, контролиран од опозициските сили поддржани од Турција.

Спасувачките служби и меѓународни набљудувачи соопштија дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека во нападот загинале шест лица, додека 12 биле повредени, меѓу кои има и две деца.

Експлозијата се случила во центарот на Африн во провинцијата Алепо, недалеку од седиштето на вооружените групи.

Турција и сојузничките сириски сили го зазедоа Африн во 2018 година во операција кога беа протерани локалните курдски борци, кои Турција ги смета за терористи, како и раселени илјадници курдски жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.