Неколку експлозии на гас одекнаа во зградата на Универзитетот во Лион во Франција, а според последните информации, во големите експлозии за среќа нема загинати.

Огнот најпрвин избил на тераса на покривот на зградата од универзитетскиот кампус и како што пренесуваат француските медиум, огнот моментално е ставен под контрола.

Од Универзитетот на социјалната мрежа Твитер исто така потврдија дека пожарот е ставен под контрола, а во експлозиите три лица добиле полесни повреди.

Од покривот на зградата може да се види густ црн чад, а полицијата и пожарникарите се на местото на инцидентот. Судентите биле евакуирани итно од зградата на кампусот, а засега не е познато дали станува збор за протекување на гас или можеби терористички напад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.