Во центарот на Стокхолм експлодираше автобус и целосно изгоре, а над градот се гледаше густ црн чад.

Автобусот бил празен и според неслужбените информации, не се работи за терористички напад. Во експлозијата е повреден возачот на автобусот и тој е итно префрлен во болница.

Автобусот околу 11 часот стигнал до влезот во тунел и потоа експлодирал, рече еден сведок за шведските медиуми.


Се претпоставува дека возилото удрило во понтоните кои висат како предупредување за висината на тунелот кои го продупчиле плинскиот резервоар на автобусот и тоа предизвикало експлозија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.