Поранешниот австриски канцелар и некогаш лидер на ФПО Хајнц Кристијан Штрахе добивал кофери полни со евра, пишуваат германските медиумите кои ја открија аферата „Ибица“.

Поради таа афера, Штрахе остана без сите функции. Но, весниците „Шпигл“ и минхенскиот „Зидојче цајтунг“ немаат намера тука да запрат. Имаат ексклузивни фотографии за кои тврдат дека се оригинални. На нив се гледаат спортски торби полни со пари, односно евра во апоени од 50 и 100, кои Штрахе ги добивал на неколкупати и тоа пред да се открие аферата „Ибица“.

Фотографиите ги добиле од личност чиј идентитет не го откриваат, но се наведува дека станува збор за лице кое е многу блиско со Штрахе. Се шпекулира дека станува збор за неговиот телохранител, бидејќи сите фотографии се направени од непосредна близини, со телефон.

„Шпигл онлајн“ истакнува дека проверката на фотографиите траела со месеци, исто како и идентитетот на лицето кое ги доставило и дека при тоа бил ангажиран тим од стручни лица. На крајот е потврдено дека фотографиите се автентични, како и годините кога се направени и каде точно е извршено примопредавањето на парите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.