Економисти: Коронавирусот ќе доведе до рецесија во Германија

Свет 10.03.2020 / 11:33

Кризата поради коронавирусот ќе предизвика рецесија во Германија, изјави денеска директорот на влијателниот институт Ифо, Клеменс Фуест.

Тој смета дека светот е на работ на економска криза и направи споредба со 2008 година, кога избувна финансиската криза.

Фуест додаде дека германската Влада реагирала правилно со олеснување на пристапот до надомест за работа на пократко време, но додаде дека треба да се направи повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.