Во Уругвај денеска се одржуваа претседателските избори, со кои ќе бидат пополнети и сите места во Претставничкиот дом и во Сенатот. Меѓу претседателските кандидати, се најде и Ернесто Талви, чии татко е Македонец од Скопје.
Како што пишува „Би-Би-Си“, Талви е економист кој се едуцирал во Чикаго, Талви е син на имигранти од Македонија и Куба.
Ја насочи својата кампања за едукација, со цел да создаде 136 јавни средни училишта во лишени населби. Повика на помалку тежок пристап кон програмите за криминал и рехабилитација на затворениците, пишува „Би-Би-Си“ за кандидатот со македонско потекло.
Tаткото на Ернесто, Мануел Талви, има еврејско потекло и е родум Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.