Економијата на Европската унија годинава би можела да се намали од 5 до 10 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон.
Денес, сè укажува на тоа дека во Европската унија би можеле да забележиме пад на економијата од пет до 10 проценти, што би значело околу 7,5 проценти, рече Бретон во интервју за телевизијата „Франс 2“.
Но, тоа важи денес, истакна еврокомесарот, додавајќи дека во случај на втор бран епидемија, ситуацијата би можела да се влоши.
– Се зависи од брзината на закрепнување на економијата. Се уште сме во екот на пандемијата и ќе научиме да живееме со неа неколку месеци, додаде Бретон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.