Со новите мерки донесени од Европската комисија за еко-дизајн на електрични уреди, кои ќе стапат во сила во 2021 година, е предвидено компаниите за бела техника да ги направат производите потрајни и да треба да обезбедат резервни делови за машините до 10 години. За првпат, тие вклучуваат барања за поправка и рециклибилност на уредите, придонесувајќи за целите на кружната економија преку подобрување на животниот век, одржување , повторна употреба, модернизација, рециклирање и третман на отпад од апарати.
EU brings in ‘right to repair’ rules for appliances
🛠 Manufacturers will have to make spares available
💡 Energy efficiency standards to save €20bn on energy bills – equivalent to 5% of EU electricity consumption
💚 Circular economy!https://t.co/PVK3CxH9Rq
— Molly Scott Cato MEP (@MollyMEP) October 1, 2019
Промените се предизвикани од поплаки од потрошувачите во Европа и Северна Америка за проблем со опремата, како фрижидери, машини за перење, машини за миење садови и телевизори, што се распаѓа веднаш штом ќе истече нејзиниот гарантен рок. Бидејќи сопствениците не можат сами да ги поправат машините или да најдат некој друг да го стори тоа по пристојна цена, тие се принудени да купат нови.
Според новите стандарди, производителите ќе треба да обезбедат резервни делови кои ќе треба да бидат лесни за поправање со достапни алатки и без оштетување на производот.
Новите барања за поправка ќе помогнат во подобрување на животот на секојдневните апарати, кои во моментов се откажуваат премногу брзо. Клучно е да се надмине сегашниот тренд на „исфрлање“ што е осиромашување на природните ресурси и празнење на џебовите на потрошувачите, коментира Моник Гојанс, извршен директор на Европската асоцијација на потрошувачи.
Студијата покажа дека помеѓу 2004 и 2012 година, процентот на големи апарати за домаќинство кои пропаднале во рок од пет години се зголемил од 3,5% на 8,3%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.