За сега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот коронавирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.
Во соработка со земјите членки од блиску ја следиме ситуацијата со неколку случаи на пневмонија, за сега потврдени случаи има во Кина, Тајланд, Јужна Кореја и Австралија, имаше состанок на 17 јануари 20 земјите членки на кој се разговараа можни мерки но Европската Комисија ќе организира уште еден состанок деновиве откако проценката за ризикот биде објавена – изјави портпаролот на ЕК задолжен за здравството.
Европската Комисија не одговори дали има доверба во информациите кои и ги даваат кинеските власти, но рече дека состојбата се следи и преку други канали, не само официјалните кинески.
Светската здравствена организација засега не препорача рестрикции врз патувањата во Кина, но се советува да се ограничат контактите со одредени животни и да се консумира само добро пржено месо.
Речиси 300 лица се заразени од овој вирус од крајот на декември до денеска, од кои шест лица починаа. Најголемиот број заболени лица се наоѓаат во централна Кина, првото лице почина на 11 јануари.
Епицентарот на епидемијата е лоциран во пазар во градот Вуан специјализиран во морска храна и риби, голем број од заболените биле вработени на пазарот. Според медиумите, на пазарот се продавале и живи животни вклучително птици и змии.
Коронавирусот предизвикува пневмонија, односно акутно воспаление на белите дробови и може да биде смртоносен. Симптомите се голем умор, температура, кашлица, и болка во градите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.