Земјите-членки на ЕУ сами побараа флексибилност и одлучија да отстапат од правилото вакцината да се дистрибуира според бројот на жители, соопшти денеска Европската комисија, со што ја симна од себе одговорноста за нееднаквата дистрибуција на вакцините.
– Земјите-членки одлучија да отстапат од предлогот на Комисијата, со воведување на флексибилност што овозможува различна распределба на дозите, земајќи ја предвид епидемиолошката состојба и потребите за вакцини во секоја од нив, се вели во соопштението.
Комисијата реагираше со изјава бидејќи системот за дистрибуција на вакцините беше остро критикуван во неколку земји.
Според овој систем, ако некоја земја одлучи да не го земе својот дел од дозите, тие потоа се дистрибуираат до заинтересираните членки, објаснува Комисијата.
ЕК во соопштението додава дека останува на земјите-членки да се договорат ако сакаат да се вратат во системот за дистрибуција според бројот на население.
Лидерите на шест членки на Европската унија денеска повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.