Египетскиот суд осуди 11 лица, вклучително и лидерот на забранетото Муслиманско братство, Мохамед Бади, на доживотна казна затвор, поради бегство од затворво 2011 година.
Одлуката е донесена по повторно судење.
Ова е последна од неколкуте доживотни казни за Бади. Кривичниот суд во Каиро осуди уште осум лица на 15 години затвор, под истите обвиненија, а други осумина ги ослободи.
Судот ги отфрли обвиненијата против поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој почина за време на судењето во јуни годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.