Германската канцеларка Ангела Меркел, која во Њујорк учествуваше на заседанието на Генералното собрание на ОН, се шеташе по улица во придружба на обезбедувањето, кога случајно налета на холандската кралица Максима.

Тие се бакнале и прегрнале, а потоа поразговарале на англиски јазик. Тогаш се случило мало недоразбирање, кој бил забележан на видео снимка.

Кралицата Максима раскажала дека неодамна разговарала со Франција за феминистичкото движење, но зборот Франција на англиски очигледно ја збунил канцеларката, па прашала: „Со кој?“

Со Франција, повторила Максима.

Канцеларката повторно не разбрала, па прашала: „Со кој Франце?“

Дури тогаш сфатила, па се насмеала самата на себе.

Ах, тоа, викнала канцеларката, па и двете се смееле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.