Едно лице загина во денешната експлозија во стан во германскиот град Бланкенбург, соопшти портпаролот на полицијата.

Во експлозијата се повредени околу 25 лица, јави германската новинска агенција ДПА.

Не може да се исклучи можноста за други повредени во инцидентот, рече полицискиот портпарол.

Засега не се познати причините за експлозијата, ниту за сериозноста на повредите на лицата кои биле во зградата.

Експлозијата се случи во зграда во 08:40 утрово, а во близина се лоцирани градинка и основно училиште. Претставник на градинката соопшти дека околу 100 деца биле преместени во други објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.