Едно лице загина, а 157 Најмалку се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ ја промаши пистата, се урна во поле и се распадна на три дела.
Турскиот министер за транспорт Мехмет Чахит Турхан изјави дека најголемиот дел од патниците можеле самостојно да го напуштат авионот, додека на останатите им помогнале спасувачките тимови.
Турската телевизија НТВ извести дека авионот се запалил, но пожарот веднаш бил изгаснат. Истата телевизија информира дека авионот припаѓа на компанијата Пегасус ерлајнс и пристигнал од Измир.
#WednesdayWisdom #Breaking Our TC-IZK queue-registered aircraft numbered PC2193, which makes the Izmir Adnan Menderes-Sabiha Gökçen expedition, left the runway after landing at Istanbul Sabiha Gökçen Airport today (5 February 2020). 52 injured under treatment pic.twitter.com/TtexzqezM0
— 𝕬𝖐ı𝖓𝖈ı (@soneerbozkurt) February 5, 2020
Пегасус ја потврди несреќата, но не соопшти други детали.
Турското Министерство за сообраќај соопшти дека во авионот имало 177 патници и членови на екипаж. Министерството посочи дека до несреќата дошло поради „грубо слетување“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.