Со 34.000 жители Гибралтар е единственото место во Европа каде што во последните денови е празно ковид-одделението во локалната болница „Свети Бернард“. Позитивни нема. Благодарение на раните остри мерки и на целосната вакцинација, епидемијата е во голема мера надмината. Освен жителите на Гибралтар, вакцинирани се и мнозимството од дететината илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат на Гибралтар и патуваат секој ден. Во соседна Андалузија ситуацијата е застрашувачка.
На Гибралтар рестораните се отворени до доцна во ноќта и нема позитивни граѓани на вирусот, пишува Дојче веле.
Бидејќи маските повеќе не мора да се носат на отворено, Саманта Сакраменто постојано има чувство дека нешто заборавила кога шета по улиците.
„Мислам дека сè уште треба психички да закрепнеме, вели министерот за здравство на оваа мала британска област на јужниот рт на Пиринејскиот Полуостров.
Забраните се укинати, баровите и рестораните се отворени до два часот по полноќ, како и пред пандемијата. Шпанските телевизии доаѓаат на Гибралтар и разговараат со луѓе кои се чувствуваат ослободено.
„Можеби наскоро ќе можеме да живееме сосема како порано“, вели една келнерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.