Службеник во администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин е позитивен на тест за коронавирус. Службеникот немал никаков контакт со Путин.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја потврди веста пред новинарите еден ден откако руските медиуми објавија дека резултатите на тестовите за ковид-19 на најмалку двајца официјални претставници на Кремљ можеби се позитивни.
Можам да потврдам еден случај. Не знам за вториот“, рекол Песков, пренесе Интерфакс.
ТАСС соопшти дека според непотврдени информации, заразеното лице може да е службеник за државни награди што присуствувал на Путиновата церемонија на претседателски награди откако се вратил од Шпанија.
Службеник што работи за шефот на рускиот владин кабинет, исто така, позитивно бил тестиран за коронавирус и оттогаш е ставен во карантин, објави во четвртокот веб-сајтот Медуза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.