Едно лице загина, а две се повредени во хеликоптерска несреќа во руската република Татарстан, на околу 850 километри источно од Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Загина официјален претставник на Комитетот за земјоделство на Државната Дума, пренесе агенцијата „ТАСС“.

Несреќата се случила додека пилотот се обидувал принудно да го приземји леталото, но изгубил контрола и дошло до урнување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.