Еден пациент е убиен, а четворица се ранети во болница во Бафало, во американската сојузна држава Минесота, кога во неа отворил оган лице кое било незадоволно од медицинскиот третман што му го пружал персоналот на клиниката.
Напаѓачот е идентификуван како Грегори Пол Улрик (67), кој набрзо по нападот бил уапсен.
Гувернерот Тим Волц изјави дека биле пронајдени „импровизирани експлозивни направи“ што биле планирани за нападот.
Мотивот за нападот не е познат, но властите велат дека Улрик има историја на конфликти со клиниката „Алина“.
Се што можеме да кажеме во моментов е дека овие спорови траеле веќе неколку години и дека тој бил незадоволен од грижата што ја добива – изјавил шефот на локалната полиција, Пат Бадки.
Полицијата верува дека цел на напаѓачот бил некој од внатре во клиниката, но се уште не е познато за кого станува збор.
Полицијата засега ја исклучува можноста дека нападот има терористички мотиви.

Директорот на болницата, Кели Спрет, соопштил дека еден пациент им подлегнал на повредите, притоа не давајќи детали за состојбата на повредените.
Улрик од порано и бил познат на полицијата, бидејќи претходно бил апсен и осуден за возење во пијана состојба, поседување марихуана и сериозни прекршоци за возење во пијана состојба, за кои бил и во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.