Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок изјави дека мора да се вратат строги карантински мерки во градот Лестер, бидејќи стапката на инфекција е значително повисока отколку во другите делови на земјата.
Додека остатокот од Велика Британија се подготвува да ги олесни мерките на физичко дистанцирање од 4 јули, Хенкок рече дека училиштата и продавниците што не продаваат основни производи ќе мора да се затворат во Лестер и ги повика луѓето да не патуваат во градот и да не излегуваат од него, пренесува „Ројтерс“.
Ние не донесуваме вакви одлуки лесно, туку во интерес на луѓето од Лестер во нашите срца – рече Хенкок обраќајќи се пред парламентот.
Тој додаде дека околу 10% од сите позитивни случаи во Велика Британија биле регистрирани во Лестер минатата недела, истакнувајќи дека седумдневната стапка на инфекција во тој град била 135 случаи на 100.000 луѓе, што е за три пати повеќе отколку во вториот по број заразени градови во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.