Во Португалија за време на ловната сезона е направен вистински колеж на животни, односно убиени се повеќе од 500 елени и диви свињи.
Фотографиите од убиените животни масовно се шират на социјалните мрежи.
Португалскиот министер за животна средина, Жоао Фернандез, го окарактеризира делото на 16 шпански ловци како ужасно злосторство против природата, кое треба да се процесуира пред законот.
Ловот е дозволен во Португалија, но не на овој начин и до оваа мера. Проценките се дека по ваквиот лов е истребен најголем дел од популацијата на елени во туристичката зона на лов во Азамбужа, која се наоѓа на 40-50 километри од Лисабон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.