Исходот од изборите во САД во случај на несогласување меѓу кандидатите го одредува суд, а не телевизиските компании или други медиуми што вршат неофицијално пребројување на гласовите, изјави адвокатот на американскиот претседател, Руди Џулијани.
На прес-конференција во Филаделфија некогашниот градоначалник на Њујорк категорично ги отфри пребројувањата и предвидувањата на голем број водечки американски медиуми, кои објавија дека кандидатот на демократите, Џо Бајден, го добил потребниот број гласови на Изборниот колеџ за да победи на претседателските избори од 3 ноември.
Исходот од изборите не го решаваат медиумите. Кој го даде предвидувањето во прилог на Џо Бајден? Сите тие? О, Боже! Сите ТВ компании! Треба да го заборавиме законот! Судот не е важен Не бидете смешни! ТВ-компаниите не го одредуваат резултатот од изборите. Тоа го прави судот, нагласи адвокатот на Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.