Британскиот весник „Фајненшал тајмс“ го прогласи милијардерот и филантроп Џорџ Сорос за човек на годината.
Изборот на Фајненшал тајмс за човек на годината е одраз на нeговите достигнувања. Изборот на Сорос е поради вредностите кои ги претставува, пишува весникот.
Сорос е голем поддржувач на прогресивните каузи, но се најде пред вистински оган поради финансирањето на левичарски групи и групи за заштита на човековите права во Израел. Кружеа и гласини дека соработувал со нацистите кога бил дете во Унгарија за време на холокаустот. Сорос имал 13 години во 1944 година и го преживеал холокаустот благодарение на унгарски службеник чија работа била да собира инвентар од конфискуваните еврејски домови.
Сорос исто така работел и како доставувач на известувања за депoрти рање до Евреите се додека татко му не дознал што работи.
Многу од заговорничките теории против Сорос се базираат на неговото интервју „60 минути”, во кое милијардерот вели дека не се чувствува виновен затоа што пасивно чекал и се надевал дека ќе го преживее геноцидот.
Ме обвинуваат за се и сешто, дури и за тоа дека сум антихрист. Би сакал да немам толку непријатели, но тоа го сфаќам како потврда дека сигурно правам нешто добро, вели Сорос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.