Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа упати апел до пратениците во текот на неделата да го одобрат договорот за Брегзит, истакнувајќи дека ниту тој ниту Европска Унија ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Тој повтори дека новиот договор обезбедува рамка за нов однос заснован врз слободна трговија и пријателска соработка.
Претходно претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да” или „не” за договорот за Брегзит што го постигна Џонсон со ЕУ.
Британскиот Парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.
Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за Брегзит.
Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.