До крајот на јули, на сите постари луѓе во Велика Британија ќе им биде понудена вакцина за коронавирусот. Тоа го вети британскиот премиер Борис Џонсон, јави ДПА.

Тој посочи дека целта е да се заштити најранливиот дел од населението и да се преземат понатамошни чекори за ублажување на некои од сегашните ограничувања.

Досега, повеќе од 17 милиони луѓе на островот ја примиле првата доза на вакцина – скоро секој трет возрасен. Според планот на владата, постарите лица над 50 години и оние со лошо здравје ќе бидат вакцинирани до 15 април



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.