Британскиот премиер, Борис Џонсон, во својата новогодишна порака порача дека е оптимист, но дека на Британците и понатаму им претстои тешка борба со корона вирусот.
Нашите четири нации се уште се далеку од секојдневието со посета на ноќните клубови, концерти, ресторани или театри, но „светлото на надеж е запалено“ благодарејќи на вакцината. Знаеме дека пред себе имаме тешка борба, која ќе трае недели и месеци, поради новата мутација на корона вирусот којашто бара нова внимателност – истакна Џонсон, обраќајќи им се на Англичаните, Шкотланѓаните, Велшаните и жителите на Северна Ирска.
Џонсон ја искористи новогодишната порака да им се заблагодари на луѓето на првата борбена линија во борбата против пандемијата на Ковид-19 – здравствените работници, лекарите, трговците, возачите.
Осврнувајќи се на Брегзит, Џонсон изјави дека „ова е неверојатен момент.
Имаме слобода во своите раце и нам ни останува од тоа да го извлечеме најдоброто. Сега сме слободни да склучуваме трговски договори низ светот и да ја оствариме амбицијата да бидеме суперсила во науката – нагласи британскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.