Британскиот премиер Борис Џонсон сака законски да забрани какво било продолжување на преодниот период по официјалното излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари, изјави денеска владин извор.
Минатата недела народот гласаше за влада што ќе го оствари Брегзит и ќе и овозможи на земјата да оди напред. И тоа е токму она што имаме намера да го направиме оваа недела, рече извор од Даунинг стрит 10.
Изворот додаде дека нивната програма јасно укажала дека нема да се продолжи преодниот период и новиот закон за спроведување на договорот за излез од ЕУ ќе „законски забрани на владата да прифати какво било продолжение по 2020 година“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.