Британската Влада ќе престане да се залага за работа од дома и ќе им даде поголемо дискреционо право на работодавачите да одлучат дали е безбедно да се вратат вработените на своите работни места, рече денеска премиерот Борис Џонсон.

Од 1 август ќе ги ажурираме нашите препораки во врска со одењето на работа – рече Џонсон на прес-конференција.

Тој додаде дека ќе им се даде на работодавачите повеќе дискреционо право и ќе побараат од нив да одлучат како да се грижат за своите вработени, наместо препораките на Владата луѓето да работат од дома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.