Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика Британците да го прослават Божик со огромна претпазливост.
Тој рече дека иако програмата за вакцинација започнала многу добро, асимптоматското пренесување на Ковид-19 сè уште претставува закана.
Многу сум задоволен што можам да му кажам на Долниот дом дека многу добро ја започнавме програмата за вакцинација … Треба да бидеме крајно внимателни во начинот на кој го славиме Божик – рече Џонсон пред парламентот на прашањето дали луѓето треба да бидат внимателни на прославите, пренесува „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.