Британскиот премиер Борис Џонсон побара од францускиот претседател Емануел Макрон да „протурка“ да се обезбеди договор за брегзит, соопшти синоќа кабинетот на Џонсон.
Џонсон исто така му рече на Макрон дека Европската унија не треба погрешно да верува дека Велика Британија ќе остане во ЕУ по 31 октомври.
Џонсон разговарал за неговиот предлог за брегзит со Макрон и со премиерот на Португалија Антонио Коста.
Ова е можност да се постигне договор. Договор поддржан од парламентарците и договор што вклучува компромис од сите страни. Велика Британија направи голема, важна понуда, но време е Европската комисија да покаже волја за компромис. Ако не биде така, Велика Британија ќе да ја напушти ЕУ без договор – рече добро информиран официјален претставник од Даунинг стрит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.