Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не сака Владата да се откаже од подготовките за можен Брегзит без договор.
Многу од овие подготовки ќе бидат исклучително корисни, бидејќи секако ги напуштаме договорите со ЕУ. Затоа, мислам дека беше соодветно што тоа го направивме и треба да ги задржиме во состојба на подготвеност, изјави Џонсон пред новинарите.
Тој додаде дека е убеден дека Велика Британија ќе постигне договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на 2020 година, што ќе го отстрани ризикот од економски шок по Брегзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.