Британскиот премиер, Борис Џонсон, во своето обраќање во парламентот, на опозициската Лабуристичка партија ѝ порача да се обидат да го симнат од власт или да се држат понастрана и да ѝ дозволат на владата да го спроведе до крај излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Овој парламент мора или да се држи понастрана или да обезбеди изгласување на недоверба и конечно да го дочека денот кога ќе се соочи со гласачите – порача Џонсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.