Денешниот состанок на Г7 ќе се памети по моментот кога британскиот премиер Борис Џонсон и кажал на германската канцеларка Ангела Меркел да го исклучи својот микрофон.
Имено, Џонсон го започнал состанокот, но во тој момент се слушнал гласот на Ангела Меркел и тоа токму кога Џонсон се обидел да им каже на новиот американски претседател Џо Бајден, и новиот италијански премиер Марио Драги, дека би сакал да ги види во живо на состанокот на “Г7” групата планиран за јуни.
“Нè слушаш ли, Ангела? Треба да го исклучиш својот микрофон”, и рекол Џонсон.
Џонсон, кој е познат по своите гафови, му порачал на Бајден дека му го украл слоганот “да излеземе подобри од пандемијата”, но додал дека и тој веројатно го украл од некој друг.
Ројтерс наведува дека проблемите со микрофони веќе станале проклетство на состаноците на лидерите на Г7 земјите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.