Една жена починала, а седум луѓе се тешко повредени кога возач на џип влетал во градината на ресторан во американскиот град Сан Хозе.
Десетици луѓе седеле во градината на кафулето во трговскиот центар кога возачот, кој се обидувал да се паркира, додал гас и налетал на градината уништувајќи сè пред себе. Тој со џипот срушил тенди и најмалку 20 маси.
Безбедносните камери го забележале моментот кога џипот го прелета работ на паркингот, мина преку четири ленти, друг тротоар и удрил во градината на ресторанот.
Според полицијата, со џипот управувал 69-годишен маж, кој се здобил со полесни повреди.
Сè уште не е познато зошто возачот нагазил на гаста и зошто не закочил кога видел дека оди кон градината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.