Таа е неверојатно цврста и лојална – на овој начин Џо Бајден ја опишува својата сопруга, Џил.

Д-р Џил Бајден на денот на изборите патуваше ширум САД, посетуваше гласачки места на Флорида и во Северна Каролина и ги охрабруваше гласачите кои во редови чекаа да гласаат, со цел да му помогне на својот сопруг да го исполни сонот од детството и да стане претседател на САД.

Џил остана запишана во историјата како прва „втора дама“ (сопруга на потпретседател) која имала платена работа, а има шанса да стане и првата „прва дама“ којашто ќе си ја задржи својата работа и откако нејзиниот сопруг станал претседател на САД.

Поголемиот број Американки работат и се грижат за своето семејство, но на „првите дами“ тоа не им е дозволено – вели Катерина Џелисон, професорка по право на Универзитетот Охајо.

Затоа, ако 69-годишната Џил Бајден продолжи да предава на Универзитет, тоа може целосно да ги промени очекувањата и ограничувањата на улогата што ја има „Првата дама“.

Џил Бајден е родена како Џил Џејкобс, во јуни 1951 година во државата Њу Џерси. Таа е најстарата од пет сестри, а изразнала во предградието на Филаделфија, Вилоу Гроув.

Таа има две мигистратури и докторат. Тринаесет години предавала англиски јазик и книжевност на Универзитет, а подучувала и адолесценти со емоционални проблеми во психијатриски болници. Оснивач е на неколку непрофитни здруженија за борба против рак на дојка и проблеми при читањето.

Професорката по книжевност се омажи за Џо Бајден во 1977 година, со што стана маќеа на Џозеф и Роберт, двата сина на Бајден од неговиот прв брак. Нивната мајка, заедно со помалата сестра загина во сообраќајна несреќа во 1972 година.

Џил Бајден исто така има еден брак зад себе, а го запозна младиот сенатор кој патувал од Делавер кон Вашингтон, токму во време кога била во процес на развод. Склопија католички брак во јули 1977 година во малата капела во зградата на ОН во Њујорк. Џил и Џо во 1981 година ја добија ќерката Ешли.

Синот Џозеф почина од рак во 1015 година, така што потенцијално новото претседателско семејство се состои сопругата Џил, синот Роберт и ќерката Ешли.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.