Пет џихадисти на ИСИС побегнале од затвор во северна Сирија по турското бомбардирање, изјави гласноговорникот на курдските сиријски демократски сили, Марван Камишло, пренесува Индепендент.
Тој додал дека затворениците побегнале од затворот во градот Камишлија.
Истовремено, жените поврзани со ИСИС ги нападнале полицајците со камења за време на немирите во кампот во регионот во кој Турција ги започна нападите.
Жените, како што информира Камишло, физички ги нападнале безбедносните служби и ги запалиле шаторите.
На овие настани им претходела експлозија на автомобил бомба во Камишлија која убила тројца луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.