Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолите“, „Winter is coming“ (Зимата доаѓа), но овојпат заради ѕидот на границата кон Мексико.
На фотографија која јс сподели на Инстаграм се наоѓа тој, но со натпис „Ѕидот доаѓа“, што алудира на слоганот „Зимата доаѓа“.

Претходно, во ноември Трамп го искористи слоганот од серијата за да го „поздрави“ противниците од Иран, па на неговата фотографија пишуваше „Санкциите доаѓаат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.