Три лица загинаа, а едно се бори за живот во инцидентот кој се случи попладнево во семејна куќа во холандскиот град Дордрехт кај Ротердам.
Како што пренесува холандски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, се работи за полициски службеник, кој пукал во членовите на своето семејство, по што и самиот си пресудил.
#BREAKING report: the shooter appears to be a police officer, he killed two people, wounded one more before committing suicide in #Dordrecht, the #Netherlands,
(Dutch paper) pic.twitter.com/xoI0PJzipw— News flash (@BRNewsFlash) September 9, 2019
Други холандски медиуми, пак, го пренесуваат сведоштвото на соседите, според кои во инцидентот настрадале двете деца во семејството, а мајката се бори за живот. Таа и полицискиот службеник биле пред развод.
Полицијата засега не ги потврдува овие информации. Несреќата се случила околу 17:30 часот, а голем број на полициски службеници се наоѓаат на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.