Најмалку 15 лица загинаа, а 30 други се ранети денеска при двоен самоубиствен напад во сириската провинција Идлиб.

Нападот бил извршен со две автомобил-бомби во центарот на Идлиб.

Самоубиствениот напад се случува една недела по средбата на претседателите на Русија, Турција и Ирак, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани во Сочи, на која посебно се разговараше за состојбата во провинцијата Идлиб, која е последното упориште на сириските бунтовници.

Во конфилктот во Сирија, Русија и Иран ги поддржуваат властите во Дамаск, а Турција – дел од сириските бунтовници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.