Седум луѓе загинале, вклучувајќи и едно дете, во експлозијата на мина во провинцијата Хомс, во Сирија.

Сирискиот Центар за мониторинг на човекови права соопшти дека мината експлодирала додека возило се спуштало по пат во близина на историскиот град Палмира. Експлозијата го уништила возилото и ги убила сите патници, вклучувајќи две жени, дете и четири мажи, наведе Центарот чие седиште е во Велика Британија.

Експлозивите, што сите страни во конфликтот во Сирија ги оставиле низ полињата, веднаш до патиштата или дури и во згради, досега повредија илјадници цивили и убија уште стотици. Во 2020 година, регистрирани се 182 жртви на касетна муниција што е речиси половина од 360-те жртви во светот, се наведува во извештајот од неодамнешниот мониторинг на нагазните мини и касетната муниција (ИЦБЛ-ЦМЦ), истражувачка и надзорна филијала на Меѓународното движење за забрана на мини.

ИЦБЛ-ЦМЦ пријави вкупно 4.099 жртви на касетната муниција во Сирија, од кои 2.102 биле во напади и 1.997 од оставена касетна муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.