Две ракети ја погодија Зелената зона во Багдад, поради што се активирале сирени за тревога во американската амбасада во ирачкиот главен град, објавија западните медиуми.

Очевидци тврдат дека виделе чад и слушнале експлозии.

Една од ракетите, наводно, паднала во близина на турската амбасада.

Овој строго обезбедуван дел од градот често е мета на ракетни напади во последните неколку месеци, но ретко има жртви



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.