Двајца мажи се прободени со нож во германскиот град Ерфурт, во провинцијата Турингија.
Осомничениот се уште е на слобода, пишуваат германските медиуми.
Како што се наведува, сторителот е маж на возраст од 20 до 30 години со лузни на лицето. Во моментов не се знае каде тој се крие.
Според очевидци, осомничениот ги ранил двајца минувачи со нож, а двете жртви, на возраст од 45 и 68 години, во моментот се на лекување.
Во моментов не сме во можност да обезбедиме никакви информации за сериозноста на повредите – изјави портпаролот на полицијата Јулија Нојман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.