Две деца побегнале од дом за малолетници на Флорида, провалиле во куќа и отвориле оган од „калашников“ врз полицајците кои дошле на местото на настано, соопштија властите на американската сојузна држава.

Дванаесетгодишното момченце и 14-годишно девојче го пронашле оружјето во куќа во којашто провалител во Ентерпрајс на Флорида, и пукале на замениците шерифи, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Волусија.

Девојчето било застрелано и повредено откако го вперило оружјето врз замениците на шерифот. Дванаесетгодишникот вооружен со „калашников АК-47“, набрзо го спуштил своето оружје и не е повреден, соопшти канцеларијата на шерифот.

Снимките од камерите на униформите на полицајците емитувани во средата покажуваат како замениците на шерифот се кријат зад дрвја, додека околу нив одекнуваат истрели. Снимката на девојчето кое е застрелано е заматен. Според звуците од сниките, може да се заклучи дека станувало збор за хаотични сцени, ддоека полицајците брзале да му пружат медицинска помош на девојчето коешто врескало од болки.

Девојчето е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија властите. Замениците на шерифот не се ранети во пукањето.

Децата избегале од домот на Евангелистичката методистичка црква во Ентерпрајс во вторникот попладнето по локално време. Неколку часа подоцна провалиле во куќата, случајни минувачи слушнале кршење на стакло во куќата и пријавиле во полицијата, соопштија локалните власти.

Полицајците кои пристигнале на местото на настанот ја опколиле куќата, но тогаш децата отвориле оган од внатрешноста. Во куќата мало пиштол, сачмарка и „калашников АК-47“, со големо количество муниција. Размената на огнот треале 35 минути.

Полцијаците правеле сѐ што можат да ја деескалираат ситуацијата, и речиси ќе биле убиени од 12-годишник и 14-годишна, изјави за медиумите шерофот на округот Волусија, Мајк Читвуд.

Шерифот додаде дека девојчетот имало досие и минатата година била приведена поради опожаривање на неколку напуштени објекти.

Во текот на прес-конференцијата во средата, шерифот Читвуд го критикуваше правниот систем за малолетници. Итакна дека насилните тинејџери честопати се сместени во малолетнички домови кои не се оспособени за нивно воспитување. Рече дека девојчето кое било вклучено во пукањето не смеело да биде сместено во домот од кој избегало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.