Двајца сириски војници загинаа, а шестмина се ранети во израелски воздушен напад врз сирискиот пристанишен град Тартус, јавија денеска сириските медиуми. Во новинските извештаи не се посочува точната локација на нападите.
Израел изведе стотици воздушни напади врз осомничени ирански цели во Сирија во последниве години, но генерално избегнуваше да ги нападне крајбрежните провинции каде што се концентрирани главните руски воени локации во земјата.
Воздушните напади се извршени во близина на единствената руска поморска база во Средоземното Море во пристаништето Тартус, каде што се закотвени руски воени бродови, а во близина се наоѓа и руската воздухопловна база Хмејмим во соседната провинција Латакија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.