Полицијата во Хонг Конг официјално обвини двајца членови на редакцијата на продемократскиот портал „Стенд њуз“ (Stand News) за бунт, еден ден откако упаднаа во редакцијата и уапсија седуммина вработени. Порталот објави дека прекиува со работа.

Според соопштението на полицијата, двајца мажи на возраст од 34 и 52 години се обвинети за „заговор заради објавување на бунтовничката публикација“, но нивните имиња не се соопштуваат.

Според локалните медиуми, обвинети се уредниците Чунг Пуи-куен и Патрик Лам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.