Двајца мажи се уапсени под обвинение за силување и убиство на 13-годишно девојче во Индија.
Уапсените биле соседи на девојчето, чие тело беше пронајдено во поле со шеќерна трска во северната индиска држава Утар Прадеш.
Полицијата ја негира изјавата на нејзиниот татко дека сторителите и ги извадиле очите на жртвата и и го отсекле јазикот.
Силувањето и сексуалното насилство се во фокусот на вниманието во Индија, откако група мажи силуваа и убија млада жена во автобус во главниот град, Њу Делхи во 2012 година.
Тој чин предизвика големи протести во земјата и промени во државните закони за силување, но во меѓувреме нема индиции дека е намален бројот на слични злосторства врз жени и девојчиња.
Според последните податоци, во Индија секоја четврта жртва на силување е дете, а во огромен број случаи сторителите им се познати на жртвите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.