Двајца полицајци од Лос Анџелес закрепнуваат во болница откако беа застрелани во заседа, соопшти полицијата. Снимка од инцидентот покажува еден човек како се приближува до полициското возило, по што пука во полицајците и бега.

Се работи за 31-годишна жена и 24-годишен маж. Полицајката е застрелана во градите и раката и била во критична состојба, но сега е стабилна по операцијата, велат од полицијата. Нејзиниот колега е застрелан во челото, раката и дланката, а неговата состојба е опишана како „алармантна“, пренесе ЕјБиСи њуз.

Шерифот на полицијата во Лос Анџелес, Алекс Вилануева, овој чин го нарече кукавички, а осомничениот за нападот се уште е во бегство.

Ова е само мрачен потсетник на тоа дека ова е опасна работа. Акциите имаат последици и нашата работа не станува полесна бидејќи луѓето не сакаат спроведување на закони, рекол шерифот.

Полицијата објави дека нуди 100.000 долари награда за оној кој ќе достави какви било информации за засега непознатиот напаѓач.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.