Двајца мажи се фатени на снимка како во река фрлаат тело од член на семејството, кој починал од корона вирус.
Сањај и Маној Кумар се обвинети откако сведок ги снимил додека тие го фрлале телото во регионот Котвал во Балрампур во Индија.
На снимката се гледа како двајцата, од кои еден носи заштитна опрема, стојат на мост и се подготвуваат да го фрлат починатиот роднина во реката Рапти.
Полицијата открила дека починатиот маж се вика Премнат, но не објавила како е поврзан со лицата од снимката.
Премнат бил примен во болница со корона вирус на 25 мај, а починал само четири дена подоцна.
Властите објавиле дека неговото тело е дадено на фамилијата за да го кремираат, но наместо тоа, тие го фрлиле во река.
До инцидентот дошло само две недели откако повеќе од 70 тела беа пронајдени во реката Ганг, а властите се сомневаат дека сите се жртви на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.