Истражување спроведено од еден конзорциум заедно со Лондонската школа за економија, наведува дека 20 петрохемиски компании се извор на 55 отсто од пластичниот отпад за еднократна употреба во светот. Меѓу овие компаниите се „Ексон мобил“, „Доу“ и „Синопек“.

Според истражувањето, во 2019 година се фрлени над 130 милиони тони пластика за една употреба, од кои речиси сите биле изгорени и закопани во депонии или директно фрлени во природата.

Во извештајот се вели дека пластиката за еднократна употреба најчесто завршува во океаните, каде што се наоѓа целото видливо загадување. Отпадот таму постепено се разложува на ситни честички, кои потоа влијаат на живиот свет и способноста на океаните да го складираат јаглеродот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.