Илјадници Австралијанци се евакуирани поради доаѓањето на два потенцијално разорни циклони, објави Би-би-си.

Во текот на викендот Тревор ќе го погоди северот на Австралија, а циклонот Вероника му се заканува на западниот брег на земјата.

Се очекуваат разорни ветрови, а силниот дожи и брановите можат да предизвикаат катастрофални поплави.

Синоптичарите сметаат дека циклоните силно ќе ги погодат наведените подрачја и ги предупредуваат ѓителите да се подготват за „силно невреме“.

Ова е вторпат во историјата метеоролозите да предвидат дека Австралија ќе биде погодена истовремено од два силни циклони.

Сериозен удар на циклони

Се очекува тропскиот циклон Тревор в сабота наутро да пристигне на северот на земјата и за неколку дена да напаѓа онолку дожд колку што врне во тој дел во текот на целата година.

Циклонот Вероника треба да го погоди северозападниот брег в сабота попладне и в недела наутро. Се очекуваат силни налети на ветер, а Хидрометеоролошкиот завод на Западна Австралија објави дека веројатно ќе дојде до „сериозен удар“ на циклонот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.