Претседателот на Филипини Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе издаде наредба до полицијата и војската да го убијат секој „кој прави неволји“ во тек на карантинот кој во воведува во земјата.

На сите ова да ви биде предупредување – слушајте ја владата, сега најважно е во земјата да владее ред, рече Дутерте во обраќањето до нацијата „не се обидувајте да ги повредите здравствените работници, лекарите,затоа што тоа е сериозно злосторство, нагласи Дутерте.

Во земјата пријавени се 2.311 случаи на зараза, а умреа речиси 100 луѓе, а, како што наведуваат медиумите, граѓаните се собираат и не ги почитуваат забраните за движење затоа што се гладни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.